Проект за подобрување
на социјалните услуги

  • A  A  A  A  

Преку услугата помош и нега во домот поквалитетен живот за над 50 стари лица во Струга

Струга, 27.09.2023 –  Услугата помош и нега во домот ги дава посакуваните резултати и им го олеснува и подобрува квалитетот на животот на старите лица. Денеска во посета на Црвениот Крст Струга, кој ја спроведува услугата, помош и нега во домот, беше министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска која истакна: „ Оваа услуга […]

45 стари лица ќе ја користат услугата помош и нега во домот во Пласница

Пласница, 20.09.2023 – Услугата помош и нега во домот е достапна за 45 стари лица во општина Пласница. Услугата ќе ја спроведува здружението за поддршка на идентификувани и потенцијални ранливи групи – „Жртва“, кое заедно со општина Пласница добија грант за развој на оваа услуга во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги. „Ми […]

Услугата помош и нега во домот станува достапна за 40 стари лица од Пробиштип и Кратово

Пробиштип, 18.09.2023 – Новите услуги во рамки на социјалната реформа продолжуваат да стануваат достапни за граѓаните ширум земјата. Конкретно, услугата помош и нега во домот е достапна и за околу 40 корисници – жители на Пробиштип и Кратово. Оваа услуга е наменета за немоќни и изнемоштени лица над 65 години и значително им го олеснува […]

Отворен нов центар за дневен престој на деца со попреченост во Струмица

Струмица, 15.09.2023 – Од денеска  во Струмица и официјално започнува да работи новиот Центар за дневен престој на деца со попреченост. Во центарот за децата со попреченост ќе се спроведуваат разновидни активности како и услуги со индивидуален третман. Услугите ќе ги спроведува здружението за поддршка во развојот и специјална едукација и рехабилитација на децата – […]

Старите лица од општина Босилово добија нов центар за дневен престој

Босилово, 04.09.2023 – Пензионерите и постарите лица кои живеат во општина Босилово за првпат добиваат Центар за дневен престој на стари лица со активно стареење. Центарот е лоциран во населеното место Турново и ќе може секојдневно да го посетуваат до 24 корисници, каде преку различен вид активности кои ќе се спроведуваат под надзор на стручни лица, […]