Развојот на говорот започнува во текот на бременоста пред раѓање. На родителите им се препорачува уште во бременоста да им зборуваат и пејат на децата и на тој начин да градат поврзаност со детето. Во различни развојни периоди детето го усвојува јазикот и способноста за говор. Разбирањето на говорот се развива побрзо кај децата од способноста да се изразуваат.
Првиот развоен чекор во развојот на гласовно изразување кај малите деца е кога се појавува гукањето. Гукањето се појавува меѓу шестата и осмата недела и во тој период детето произведува мелодични гласови. По шестиот месец детето почнува фаза на брборење, а околината ги препознава и како први зборови пример мама , баба и слично. Доколку се изостави брборењето , тоа е првиот знак за потешкотии во говорот.
Првиот збор со значење се појавува меѓу десетиот и четиринаесетиот месец . Од случајно изговорените зборови , вистинскиот збор го препознаваме со тоа што се повторува во исти ситуации. Пример мама се користи и има значење за гушни ме , нахрани ме, дојди, немој и слично. Првиот изговорен збор на детето и кој има значење е почеток на развој на говорот.
Од даванаесет до осумнаесет месеци децата во говорот користат зборови кои означуваат предмети или личности. Во овој период развојот на учење нови зборови е околу девет збора месечно. Помеѓу осумнаесетиот месец и својата прва година детето почнува во комуникација со блиските да користи два збора .
Во период од 3 до 4 години детскиот речник се богати со многу нови зборови , говорот е многу јасен и детето веќе составува и реченици. Во следните години говорот на детето наликува на возрасните и тоа умее да ги изрази своите мисли и чуства со зборови и комуникација со другите.
Секоја комуникација со детето , зборување , пеење, читање потикнуваат развој на детскиот говор и се темели на јазичниот и говорен развој.
Секоја одстапка како бавен развој на говорот, неправилно изговарање на гласовите, неразбирлив говор и сл. Родителите треба да умеат да бидат присутни , да препознаат и побараат стручна соработка со логопед и стручна служба.