Скопје, 09.01.2025 – Развојот на социјалните услуги на локално ниво продолжува. Министерството социјалната политика, демографија и млади на Република Северна Македонија денес одржа презентација на Јавниот повик за финансирање на социјални услуги во општините, кој ќе биде објавен на 10.01.2025 година. Презентацијата беше насочена кон општините и давателите на социјални услуги кои се заинтересирани да аплицираат за грантови за развој на социјални услуги на локално ниво.
На настанот се обратија: Ѓоко Велковски, Заменик министер за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Сабриу, Државен секретар во Министерството за социјална политика, демографија и млади, Бојана Нацева, Виш специјалист за образование, Европа и Централна Азија во Светска Банка, Елизабета Куновска, менаџерка на Проектот за подобрување на социјалните услуги при Министерството за социјална политика, демографија и млади.
Целта на Јавниот повик е да се зајакне системот на социјална заштита во земјата и да се подобри пристапот до социјални услуги за сите граѓани, со посебен акцент на ранливите категории. Општините, во партнерство со даватели на социјални услуги, ќе можат да аплицираат за финансирање на различни проекти во рамки на програмата, која е поддржана од Светската банка.
Услугите кои ќе бидат финансирани преку овој повик, вклучуваат:
– услуги во домот (Помош и нега во домот)
– услуги во заедницата ( Дневен престој за лица со попреченост, Дневен престој за лица со попреченост со индивидуална работа, Дневен престој за стари лица, Дневен престој за стари лица со активно стареење )