Како да го поттикнеме развојот на говорот

Уште при првата средба на детето со родителите се прави контакт со слушање на гласови, допир, чуствување на  взаемната миризба и хранење на бебето. Детето го препознава гласот на мајката , бидејќи и претходно тоа ги слуша звуците што ја опкружуваат пред раѓање. По раѓањето мајката со пеење, зборување на детето со милозвучен и тивок глас го поттикнува развојот на говорот. Преку игра со поттикнување на кажување на гласови и контакт со очи го смирува вознемиреното дете и го подржува да гука ,а потоа и да брбори . Во текот на извршување заеднички активности како бањање , хранење , облекување, кратки прошетки, треба да сезборува  со детето што гледате , да се опишува што се случува и што следи како активност.

Во најраната возраст на децата да им се  покажува со движење на тело што правите , пример па-па и мавтање со раката за довидување, кажување- имитирање на гласови кои ги произведуваат животните кои ги гледате заедно во некоја сликовница. Кога децата почнуваат да кажуваат зборчиња треба да се покаже интерес и да се продолжи да се опишува од страна на возрасниот. Пример ако детето каже пиле , возрасниот продолжува пилето лета има клун , црцори , стои на гранка и слично. Децата многу сакаат да гледаат семејни фотографии и оваа активност поттикнува да ги именуваат членовите и да опишуваат што се случува на фотографијата. Со децата се користат разновидни дидактички играчки за нови начини на учење кои овозможуваат нови искуства , размени на информации и поттикнување на развојот на говорење.

Доколку родителот забележи дека детето не го усвојува говорот и има одредени неправилности и отстапки  со развојното темпо треба да се обрати на логопед  кој понатаму ќе направи проценка и ќе даде подршка на детето во развојот понатамошен.