Скопје, 18.01.2024 – Министерствoто за труд и социјална политика следната недела ќе објави јавен повик до општините за доделување на грант за адаптација на постоечки објекти.
Во рамките на компонента 2: “Проширување на пристапот и подобрување на квалитетот на предучилишните услуги”, ќе се финансираат проекти за креирање на дополнителни капацитети во предучилишните установи преку адаптации на постојни објекти.
Условите и потребните документи ќе бидат наведени во јавниот повик.
Лице кое во текот на повикот ќе може да ви даде поддршка или совет доколку имате потреба од дополнителни информации или помош е:
- Наташа Маџевска – Координатор за ран детски развој
- Министерство за труд и социјална политика – Проектна единица
- меил адреса : natasa.madjevska@mtsp.gov.mk
- Ул. Даме Груев бр.14, 1000 Скопје